Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека треба да се земат предвид локалните услови при одлуките на државите да им дозволат на вакцинираните граѓани да не носат заштитни маски на јавни места.

Директорот на СЗО за вонредни ситуации Мајк Рајан на денешниот брифинг со новинарите порача дека секоја земја треба сама да донесе одлука за употреба на заштитните маски по разгледувањето на интензитетот на пренесувањето на инфекцијата на Ковид-19 на своја територија и нивото на вакцинација на своето население.

Американскиот Центар за контрола на болести вчера ги соопшти насоките кон кои комплетно вакцинираните луѓе не мора да носат маски на отворено, како и во повеќето затворени простори.