Обидот на Тајван да учествува на годишното собрание на Светската здравствена организација, денеска е одбиен. Кина овие напори на Тајпеј за учество во собранието на СЗО ги нарече политичка манипулација, јавија британски медиуми.

Водечкото светско здравствено тело одлучи да не се стави на дневен ред предлогот на 13 членки на СЗО, со што се бара Тајван да се приклучи на собранието како набљудувач.