Светската здравствена организација призна дека постојат докази за пренесување на Ковид-19 преку воздух, откако 239 меѓународни научници посочија на таква можност.
-Признаваме дека на тоа поле се појавуваат докази. Можноста вирусот да се пренесува преку воздух на јавни места, особено во посебни услови, доколку се преполни, не може да се исклучи. Но, доказите мора да се соберат и да се толкуваат, рече претставничката на СЗО Бенедета Алегранзи, на брифинг во Женева.
Стотици научници тврдат дека постојат докази дека мали честички на новиот коронавирус во воздухот можат да заразат луѓе, и ја повикаа Светската здравствена организација да ги ревидира препораките.