Новата мутација на коронавирусот, што првпат беше откриена во Велика Британија, набрзо се појави во уште седум земји и сега е регистрирана во вкупно 101 земја од светот.

Мутацијата на вирусот, што првпат беше откриена во Јужна Африка, пак, е проширена во 41 земја од  светот, додека таканаречната бразилска мутација во моментов е активна во 29 земји од светот, сооопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), јави Тасс.

Таканаречниот британскиот вид се појави минатиот септември, јужноафриканската варијанта циркулира од август 2020 година, а бразилската варијанта на корона вирусот е активна во Бразил и Јапонија од декември минатата година, додава СЗО.