Македонскиот поет Григор Прличев, по повод 1.000 годишнината од смртта на Методиј, одржал говор во Солунската гимназија на 6 мај 1885 година.
– Не е ли голем срам за Македонците, кои едно време преку Александра Великого го покорија целиот свет, кои после преку светите Кирил и Методија покрстија милиони Словени и ги просветија, денеска ние да бидеме најдолни од сиот свет во просвештението…- рекол тогаш Прличев.
Како што е познато, Прличев, за својата поема Сердарот во Атина бил овенчан со Ловоров венец и бил наречен втор Хомер.