На прес конференција наводно против српскиот претседател Александар Вучиќ со бугарскиот наратив за некаков српски свет, а во позадина со народни пари на омилените пејачи на Вучиќ. Така функционираат опозициската СДСМ и нејзиниот лидер Венко Филипче.
Ако се слушаат јавните настапи на претседателот на СДСМ, Филипче, човек ќе добие впечаток дека е српска опозиција и најголем борец против наводниот српски свет термин кој во Европа го истуркаа бугарските европратеници, но реалниот живот на Филипче и неговата партија е малку поинаков и ја вади на површина дволичната политика која ја води.
И додека глумат противници на српскиот свет, во реалноста го спроведуваат српскиот свет и тоа со народни пари, преку тие малку општини кои ги добија. Градоначалници кои доаѓаат од редовите на СДСМ, народните пари за општинските настани ги трошат на српски пејачи и тоа не кои било, туку на такви кои важат блиски токму до српскиот претседател Вучиќ, против кого СДСМ и Филипче на прес конференции се борат.

Така оваа година во Македонска Каменица, водена од градоначалничката Соња Стаменкова од СДСМ, како главен изведувач на Каменичко културно лето со парите од граѓаните на општината го донесе српскиот пејач Ацо Пејовиќ. Но, Ацо Пејовиќ нема тука да застане, туку вечерва ќе настапува и во Крива Паланка, исто водена од градоначалник кој беше кандидат од СДСМ, Сашко Митовски.
Во Крива Паланка пак на т.н. српски свет се трошат уште повеќе пари, затоа што главна ѕвезда ќе биде Лепа Брена.

И тука доаѓа до израз политичкото лицемерие на СДСМ и нивниот лидер Венко Филипче, затоа што овие музичари важат за блиски до Вучиќ за кого токму Филипче вика дека спроведува српски свет во Македонија.

Ацо Пејовиќ во Србија се најде на врвот на забранети пејачи од студентите и граѓаните кои протестираат против Вучиќ кои го означија како што тие викаат режимски музичар. И додека во Србија го сметаат како таков, тука Филипче преку своите градоначалници со парите на граѓаните му плаќа да настапува, не еднаш, туку два дена со ред.

Воедно Лепа Брена е една од омилените пејачки на Вучиќ, чија што сопруга јавно и дава поддршка, а Вучиќ се снима како се забавува на нејзината музика. Но и тоа не е пречка Лепа Брена да настапува во Крива Паланка.

Но музичарите кои важат за блиски до Вучиќ не се новост за СДСМ, тие секогаш им биле омилените. Зоран Заев како градоначалник на Струмица ја носеше Цеца, која минатата година исто така настапуваше во Крива Паланка на општинскиот настан, а во Берово минатата година токму пред локални избори кога општината ја водеше Звонко Пекевски од СДСМ, настапуваше Харис Џиновиќ.

Кога сме кај Харис Џиновиќ кој на Вучиќ му ги пее омилените песни, тој е и слабата страна на лидерите на СДСМ. Претходникот на Филипче, Димитар Ковачевски заедно со Вучиќ во кафеана во Белград се забавуваа со хитовите на Харис, но она што е повпечатливо е дека токму Филипче и Зоран Заев во Дубаи се забавуваа заедно со Харис Џиновиќ, кој исто така е на црната листа на српските студенти.
Што би кажал народот Филипче настапува по народната „не ме гледај што правам, слуашај ме што зборувам“. Додека устата полна против српски свет, во реалноста со парите од граѓаните во општините го носи српскиот свет во Македонија.
Извор: Курир




