Каква хипокризија на Венко Филипче и СДС. Додека обвинуваат за српски свет во Македонија, советник на Зоран Заев е фатен соработник на БИА, а од друга страна градоначалници на СДС прават концерти со пејачите на Вучиќ. Поранешниот советник на Заев за локална самоуправа, Виктор Петрушевски и поранешен член на високите партиски тела на СДС, е вклучен во последната шпионска афера во соседна земја, каде што тамошни јавни личности испаднаа дека се дел од тајната српска служба, за што е поднесено и обвинение. Во истиот предмет за соработници на БИА, се појавува и името на Петрушевски, советникот на менторот на Венко Филипче, Зоран Заев – се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ, што МИА ја објавува интегрално.
Од друга страна пак, градоначалниците на СДС, како тој во Крива Паланка кој деновиве прави концерти токму со пејачите на Александар Вучиќ, за кого велат сака да го прошири неговото влијание и на наша територија. А, оттука и од случајот со Петрушевски се гледа кој е извршител и соработник на српските служби.
Токму хипокризијата да биде поголема, Љупчо Николовски Путерот и градоначалникот на Крива Паланка ќе се забавуваат на плоштад со концерт на Лепа Брена која и пееше на војската на Младиќ. А, Ацо Пејовиќ, исто така, ќе пее на плоштадот во Македонка Каменица.
Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, ние како политичка партија немаме ништо против, но вредно е да се нотира дека овие пејачи српската опозиција ги прогласи за режимски на Александар Вучиќ.
фото: архива




