Бараме техничка влада за да го реши спорот со Бугарија и да добиеме датум за преговори со Евроската Унија, изјави синоќа генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.

Тој беше гостин во Клик Плус на ТВ21 и најави дека е можно да има коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива.

Таравари рече дека претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села апелира за техничка влада со цел заедничко преземање на одговороноста на клучните политички теми, како што е спорот со Бугарија.

– Бараме техничка влада за да го решиме спорот со Бугарија, да добиеме датум за преговори со Евроската Унија, и веднаш да одиме на нови парламентарни избори заедно со локални, рече Таравари.

Тој во гостувањето во ТВ 21 кажа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, јавно се извинил за 27 април и дека тоа е голема порака.