Привремениот лидер на Алијанса за Албанците, Арбен Таравариизјави дека неговата партијата наскоро ќе го објави сетот на мерки кои ќе бидат услов да гласаат за уставни измени.

– Наскоро ќе ги објавиме сетот мерки. Кога ќе дојде моментот, ќе ги објавиме, не е ништо итно. Една од најважните мерки во Уставот ќе биде да се вметне албанскиот јазик на местото на тие „20 отсто“, рече Таравари.

Претходно Биљал Касами од Беса кажа дека ќе испрати покана до албанските партии за заедничка средба.