Фотографиите покажуваат колку се промениле таткото и ќерката. Таа пораснала, а тој станал помлад.

Професорот од Универзитетот Регина во Канада, Алек Курос објави фотографии на Редит како со својата ќерка седи на тросед во иста позиција, со лаптоп од иста марка во скутот, а единствената разлика е во годините на фотографирањето.

Првата фотографија е направена во 2007 година, втората во 2014 година и третата во 2019 година, а коментарите се смешни.

Освен што секогаш е интересно да се види како изгледа истата фотографија низ годините, добро е да се види и колку некој се сменил, во овој случај беше одлично да се види колку професорот изгледа подобро и помладо со годините.

Со овие фотографии тој сакаше да покаже колку луѓето се менуваат со текот на времето, но и како се менуваат семејните односи.

“Овој сет фотографии предизвикаа различни реакции кај луѓето. Или затоа што гледаме како времето носи промени, но исто така и поради промената во односот што го имаме со децата. Имаше многу повеќе реакции на објавата на Редит отколку што очекував. Среќен сум што сите коментарите се позитивни “, изјави таткото за порталот „Боред панда“, додавајќи дека на сликата со едно од неговите четири деца.

Тој исто така откри дека промената во изгледот се должи на новите навики. Почнал да вежба и да се храни здраво, а исто така го намалил нивото на стресот.