Светската здравствена организација (СЗО) го координира тестирањето на неколку можни лекови за Ковид-19, изјави директорот на организацијата Тедрос Адханом Геберејсус.
-Повеќеслојните помали испитувања со различни методи можеби ќе ни овозможат јасни, силни докази, што ни се потребни за да утврдиме кој третман помага при спасувањето на животите, рече Тедрос на прес конференција, пренесоа британските медиуми.
Според него, ова големо меѓународно истражување е осмислено да ги генерира потребните податоци, за да се покаже кои третмани се најадекватни.