Телефонскиот разговор за конечниот договор околу спорот за името, помеѓу Заев и Ципрас заврши, соопштуваат грчките медиуми.
По ова Ципрас заминал на разговори со претседателот Прокопис Павлопулос. Според истите извори се очекува по 18 часот, Ципрас на грчката јавност да и го соопшти договореното.
Неофицијално, се очекува во исто време да се обрати и македонскиот премиер Зоран Заев.