Американската тенисерка Софија Кенин изјави дека има позитивен тест за коронавирус и поради тоа нема да настапи на УС Опен.

– Неодамна се тестирав позитивно на коронавирус. За среќа, јас сум вакцинирана, така што моите симптоми беа прилично благи. Сепак, нема да можам да се натпреварувам на УС Опен следната недела. Планирам да ги поминам следните недели дома за да се закрепнам и да се подготвам за добра игра оваа есен. Ви благодарам на сите за поддршката. Сакам да им посакам на сите играчи се најдобро на УС Опен, напиша Кенин на Твитер.

Грен слемот во Њујорк ќе се одржи од 30 август до 12 септември.