„Почитувајте луѓе и со дијаметрално различен став од вашиот. Барем го имаат… Столе Стоилов треба да е почитуван од секого како шампион кој ни донел многу радости, но и како човек што цврсто стои на својот став и не се плаши од тоа.“ – владика Пимен.
ЈАС: Во право е Неговото Високопреосвештенство. И пред референдумот, и по референдумот за името, ставот на Столе е „Никогаш С*****а, САМО МАКЕДОНИЈА! Ама тој е Столе. Човекот има став. Не го менува. За разлика од него, некои, пред референдумот, го менуваа ставот од „искрено се надеваме дека нема да отстапиме од нашето уставно име (28. мај 2018 г.)“, до „Во овие историски моменти ќе излезам и ќе го дадам својот глас „За“. Дури и учествуваа во кампањата со снимени видеа. И гласаа за промена на името. Го променија ставот. А Столе остана на својот став. Како вистински капитен. „И не се плаши од тоа“.
Секој со својот став. Ако го има, се разбира!“, пишува теологот од Прилеп Љупче Петрески по повод погоре цитарната објава на владиката Пимен.