Брачна двојка од Куманово добила кривична пријава за мачење животни, затоа што го тепале кучето на нивниот сосед, кое им заклало 15 кокошки во нивната штала во кумановското село Љубодраг, соопшти полицијата.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Љ.М.(66) и М.М.(61), двајцата од с. Љубодраг, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни”.

– Пријавените, на 24.01.2023 во село Љубодраг со тврди предмети го удирале кучето на нивниот сосед Д.Н., откако влегло во нивна штала и усмртило 15 нивни кокошки, информираат од МВР.