ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО СКОПЈЕ: Едно лице загина и уште едно е тешко повредено кај Бриколаж, кога автомобил удрил во нив

/ 10.12.2022

Едно лице загина, а едно е тешко повредено во сообраќаната несреќа која се случи рано утрово на бул. Киро Глигоров во близина на „Бриколаж“, потврдуваат од МВР за Курир.

Неофицијално автомобил удрил во загинатиот и повредениот кои биле на самиот пат поправајќи дефект на автомобил. Возачот на автомобилот кој удир во двете лица налетал на нив со што на едниот му нанел тешки телесни повреди, а на другиот смртни последици.

Како што информира МВР, случајот бил пријавен денеска во 6:10 чaсот во СВР Скопје. Според пријавеното, Б.С. (53) застанал со своето возило „фиат пунто“ со скопски регистерски таблички, затоа што му пукнала гума, по што со друго возило дошол да му помогне Н.С. (29) од Скопје. Тие додека се обидувале да ја променат гумата во нив удрило патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистерски таблички, управувано од Н.Л. (18) од Скопје. Тој го напуштил местото на настанот, но потоа се вратил без возилото.

На местото на настанот починал Б.С., а Н.С. е пренесен во болницата „Св. Наум Охридски“.

Возилото „форд фиеста“ е пронајдено на бул „АСНОМ“. Извршен е увид и полицијата презема мерки за расчистување на случајот.


Од истата категорија