Во врска со вакцините од Србија, денеска Зоран Заев изјави дека се подготвува документацијата за да пристигнат фајзеровите вакцини од Србија во Македонија. Иако најавени, примопредовањето беше одложено бидејќи Србија сѐ уште нема добиено одобрение од Фајзер за пренамена на вакцините за македонски пазар.

-Прво се работи за подготовка на техничката документација од Фајзер кон Србија за реекспорт, или за реплаќање или донација од Србија. Целта е да стигнат овие, прво 4.000 вакцини, па после и другите 4.000 вакцини тука. Се работи на документацијата. Раководството за Србија, претседателот Вучиќ, премиерката Брнабиќ сакат час поскоро тоа да го направат. Затоа вака излегоа во најава. Се трудат. Првиот дел беше договорот во кој се забраува реекспорт, односно репродавање на друга земја, па одлучија да го донираат ова. Само да почне целиот процес и да помогнат на пријателска Северна Македонија, рече Заев