Уште еден инцидент со искасан човек од куче, но овојпат не од скитник туку од домашен миленик се случил во Тетово, објави денеска МВР.

На 24 април 2020 година во 15.45 часот во ПС Тетово, Т.Д. (44) од Тетово пријавил дека на 22 април 2020 година околу 20 часот додека на ул. „142“ го шетал своето куче – раса белгиско- германски овчар, тој и кучето биле нападнати од куче раса – турски кангал којшто неговиот сопственик, го шетал без поводник и заштитна маска.

При нападот пријавителот и неговото куче неколку пати биле каснати од „кангалот“, а со помош на случајни минувачи успеале да се оддалечат од местото на настанот.

По ова пријавителот го однел своето куче во ветеринарна амбуланта, а тој подоцна побарал и медицинска помош во Клиничка бплница Тетово каде што му била констатирана повреда на десната подколеница. Се работи на расчистување на случајот.