Тетовската полиција ноќеска приведе четири лица, сите до 30 години, поради поседување кокаин кај нив додека им бил извршен претрес. Двајца биле најдени во Жеровјане, додека уште двајца во Боговиње.
– Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, ноќеска околу 01:45 часот, во тетовско Жеровјане ги лишиле од слобода 23-годишниот Х.Ј. и 29-годишниот Л.М. од Тетово. При нивен и преглед на возилото „Фолксфаген Пасат“ со тетовски регистарски таблици, во кое се наоѓале, а кое било паркирано во близина на бензинска пумпа, пронајден и одземен е кокаин. Околу 04:25 часот, во тетовско Боговиње запрено е патничко возило „БМВ“ со швајцарски регистарски ознаки, што го управувал 30-годишниот Е.Х, а во кое се наоѓал и 29-годишниот А.Ш, двајцата од гостиварското село Добридол. При преглед, извршен од полициските службеници на СВР Тетово, пронајден им е кокаин, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Сите четири лица се задржани во Полициската станица Тетово. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.