Во знак на почит за поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш Постариот, албанското знаме на претседателската резидеција во Тирана денеска е спуштено на половина копје.

– Во чест и признание за скапоцената работа на претседателот на САД, Џорџ Буш, за првите демократски промени во Албанија и за неговиот непоколеблив став за правата и слободите на Албанците, особено во Косово и во знак на длабоко почитување на неговата борба за слобода и за уривањето на Берлинскиот ѕид, националното знаме во резиденцијата на претседателот денеска е спуштено на половина копје, објави на Фејсбук албанскиот претседател Илир Мета.

Џорџ Буш Постариот, кој беше 43-ти претседател на САД во периодот од 1989 до 1993 година, почина на 30 ноември на 94-годишна возраст.

По повод неговата смрт денешниот ден е прогласен за ден на жалост во САД и во Косово.