Поранешниот собраниски спикер и лидер на НСДП, Тито Петковски, кој е во власта од социјализмот до денес, и кој најави повлекување од лидерската позиција во партијата, во минатотот трпел притисоци од САД.

Тој во весникот Слободен печат говори за неговата соработка со поранешниот премиер Никола Груевски, со кого коалицираше по изборите во 2006 година.

-Преговаравме со ВМРО-ДПМНЕ и под силен притисок на тогашната амбасадорка на САД Миловановиќ се формираше таа влада, иако јас знаев со кого си имам работа. По шест месеци видов кои се неговите политички амбиции, кое е неговото кредо… И по една година ние се разидовме. Клучно беше за нас Македонија да се гради како слободна држава на слободни граѓани и тука се разидовме со Груевски, вели Петковски.