Никола Тодоров, Петар Богојески и Емилија Александрова преку интензивно лобирање и спамирање со пораки од организаторот успеале да добијат покана како гости на Конгресот на ЕПП и да бидат меѓу 3.000 гости од кои најголем дел се студенти, објавува порталот Курир повикувајќи се на пишувањата на медиумите.

Дел од порталите објавија дека исклучените од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои Никола Тодоров и Петар Богојески, преку буквално спамирање со огромен број пораки до надлежни во ЕПП обезбедиле студентски покани за да бидат меѓу 3.000 гости, од кои најголем дел се студенти коишто после Конгресот пишуваат блогови и семинарски трудови за нивни искуства од истиот, истакнува Курир.

На Конгресот на ЕНП има 758 делегати, и 3.000 гости. ВМРО-ДПМНЕ има четири делегати кои учествуваат во работниот дел на Конгресот со право на глас, а тоа се Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателот Александар Николоски, Меѓународниот Секретар Влатко Ѓорчев и Советникот за меѓународна политика Тимчо Муцунски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски синоќа и во текот на денешниот ден, на маргините на самитот на Европската народна партија, оствари низа средби со претставници на ЕНП и лидери на држави од сестрински партии.

Од партијата соопштуваат дека Мицкоски оствари средба со Хорст Зехофер, Вице-Кацелар на Германија, Министер за внатрешни работи и лидер на владејачката ЦСУ.

Тој зборуваше со Зехофер за политичкиот прогон врз ВМРО-ДПМНЕ и состојбата на јужната граница на Република Македонија во врска со мигрантската криза.

-Претседателот Мицкоски имаше средба и разговор со Антонио Тајани, Претседател на Европски Парламент, на кого му пренесе дека приоритет за ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе биде ЕУ интеграцијата на Република Македонија. Средба беше остварена и со премиерот на Република Унгарија, Виктор Орбан, со кого беше разговарано за состојбата во поширокиот регион и потребата од негова интегарација во ЕУ, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски се сретна и со Хавиер Хуртадо Мира. Претседател на Демократска заедница на млади на Европа – DEMYC. Најголема организација на центар-десничарски политички подмладоци.