Веројатно не постои човек во светот кој не го сака легендарниот Кијану Ривс, но ако има такви, не сакаме да знаеме ништо за нив.

Ѕвездата од филмовите „Матрикс”, „Џони Вик” и многу други, уште еднаш покажаа дека заработените пари од бројните блокбастери не го измениле. Не е непознато дека актерот се вози со метро, им помага на сиромашните, па таквите негови фотографии се често на интернет.

Овој пат го разубавел денот на младенците Дероду Камара и Лесли Вокер, бидејќи се согласил да се најде на нивната фотографија од свадбата.

Кијану Ривс го нашол некој пријател на младенците во барот на хотелот во Санта Круз, Калифорнија, каде што се одржувала свадбата.

Братот на младоженецот подоцна за Хафингтон пост изјави дека Ривс срдечно се поздравувал со сите гости.

“Фотографијата настана само неколку минути пред почетокот на свадбата, а тоа младенците многу ги усреќи,” рече тој.