Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос денеска потпишал декрет за почесна натурализација на американскиот актер Том Хенкс, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Сопругата на Хенкс, Рита Вилсон има грчко потекло, а американскиот актер заедно со неговото семејство веќе неколку години летниот одмор го минуваат на грчкиот остров Андипарос, каде што имаат вила.