На што ви личи кога на градоначалник од сопствените редови му се обраќате со: Градоначалниче – референдум! Колку и да е неписмено, но од кого е, многу е… пишува Курир.
Појасен доказ од ова дека бродот на Филипче продолжува да тоне во 5-та брзина, здравје. Венко се скара со градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски, ЕДЕН ОД САМО ШЕСТЕ градоначалници што ги имаат, иако и за Герасимовски во СДС одамна велат „неко меѓу нама није наш“.
И сега? Ќе го исклучи ли Филипче и него? Натаму оди работата, барем според реченицата во соопштението на СДС:
„Градоначалникот Сашко Митовски, не може да одлучува сам или да се договара со Мицкоски.“
Одамна се знае дека токму Митовски е еден од подобрите кадри на СДС, кои според упатените заедно со Герасимовски и другите 4-ца победници требаше да добијат повисоки функции во партијата, особено по дебаклот на изборите. Но Венко се опкружи со ултра-неспособни послушници, па наместо победниците ги натопори лузерите Шмрчко, Фани, Богданка, Жерновски и оној ген-секот на кој никој не му го знае ниту името. Што е сигурно, сигурно е за подизведувачот на Заев, кој стои зад се’ во партијата.

И во фаза на својата невидена трансформација, СДС се заинтересира за ГЛАСОТ НА НАРОДОТ, нешто што ниту 2004-та, а уште помалку во 2018-та не ги интересираше. Дечките што викаа „Некои прашања не заслужуваат одговор“, а потоа не го испочитуваа ГЛАСОТ НА НАРОДОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ИМЕТО, силеџии кои на своја рака преземаа „храбри“ одлуки и ни сменија територијалната организација, исконско име на државата, устав и преамбула, сега патетично ќе вреснат:
„Градоначалниче – референдум!
Нека граѓаните на Крива Паланка сами одлучат.
СДСМ е и секогаш ќе биде на страната на народот, а не на страната на Мицкоски и неговата тендер-коалиција.“
На што се должи ова ново, инстант ЧУВСТВО НА ЕМПАТИЈА КОН МАКЕДОНСКИОТ НАРОД? Народ кој го „множеа со нула“ минатите 35 години…
Велат, ова е јасен резултат на фактотдека некој „имал чувство’ дека ќе одговара за зулумите додека бил на власт, па сега ќе направел се’. Дури и да глуми загриженост за чувствата на народот. Дури и да го прави она што не му прилега и доликува, како сочуство со чувствата на народот. Дури и ако изгледа како слон во пижами. Очајничка сламка, за да некој ги брани кога одговорноста (читај законот) ќе тропне на нечија врата.
Евтина, инфантилна прикаска на СДС и Филипче, кои се поткусуруваат и со својот најдобар кадар, само и само ако не е по нивно.
По социјалните мрежи велат дека ова се очајнички и лажни чувства на емпатија како увертира во часови по „свирење клавир“.
Извор: Курир




