Според резултати на американското списание US News & World Report, Швајцарија е на првото место во класификацијата на најдобрите држави во светот. Во новата листа, Канада е на второто место, Јапонија трета, едно место пониско од претходната година.
Во првите пет се и Германија и Австралија.
На дното на листата се Оман, Србија и Либан. Русија е на 23 место, САД на седмото. Вкупно се рангирани 73 држави од светот.
САД се најмоќната држава во светот, Русија е втора, а Кина трета, според анализата. Најквалитетен живот според нив, има во Канада, во Данска и во Шведска.
Најотворена држава за бизнис е Луксембург, следува Швајцарија.
При составувањето на рејтингот авторите идентификуваа 65 карактеристики неопходни за оценка на успехот на државата во различни области. Овие карактеристики беа комбинирани во девет главни категории, од кои едната беше моќ и влијание на светската сцена. Покрај тоа, развојот на туристичката индустрија, иновациите, социјалните услуги, културата, економскиот раст, отвореноста за деловно работење, животен стандард на населението и историското наследство беа меѓу тие девет категории.
Оценката е составена од американскиот US News & World Report во соработка со BAV Consulting и Универзитетот во Пенсилванија. Се заснова на резултати од анкети на околу 21.000 лица од 36 држави.