Со средба со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заврши денешниот  марш на семејстватана настраданите во дискотеката „Пулс“ во Скопје,

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изрази уверување дека правда за овој случај мора да има „ако сакаме да имаме нормална држава“ посочувајќи дека во интерес на истрагата не може да изнесе повеќе детали во овој момент. Министерот, меѓу другото, посочи дека за случајот досега осомничен е и актуелен министер, актуелен директор на ДЗС и актуелен градоначалник, откако претходно семејствата на настраданите повикуваа на одговорност и неселективна правда.

Пред почетокот на средбата, Тошковски упати извинување кон семејствата на настраданите за тоа што досега не ги примил на средба, но, како што рече, со дел од родителите веќе има разговарано.

– Ве молам да седнеме да разговараме и да ја тргнеме политиката на страна. За сите работи што ве интересираат спремен сум да разговараме, не денеска, не вчера, туку цела година ако сакате ќе збориме, за тоа што треба да збориме. Се извинувам што не сум ве примил до сега, имам примено дел вас, имам разговарано со дел од вас, немам со сите вас разговарано, но извинете од дното на душата за тоа, рече Тошковски.