Тринаесетгодишно девојче денеска починало откако врз неа паднала статива во Соколана во Куманово, потврди полицијата.

Несреќата се случила денеска попладне околу 16 часот.

Девојчето, соопштија од полицијата е државјанин на Република Хрватска со привремен престој во државата.

Екипа на Итна помош интервенирала и го однела девојчето во кумановската болница каде што лекарите се обиделе да го реанимираат, но безупешно. Случајот во полицијата бил пријавен од кумановската болница.