Најмалку 25 луѓе загинаа во пожар во деловна зграда на компанијата за јаглен Јонгју во северната кинеска провинција Шанси, јавија денеска кинеските државни медиуми.
Пожарот избувнал утринава во 06:50 часот по локално време во четирикатната административна зграда на Јонгју во градот Шанси.
Кинеската државна телевизија јави дека најмалку 50 луѓе се повредени во пожарот.
Фото: Принтскрин