Олгица Н. ТРАЈКОВСКА
Зошто МСЧП бара постапка пред Врховен суд, кога е таа во категорија на ВОНРЕДЕН правен лек и за која е потребно исполнување одредени законски УСЛОВИ?
Според ШТО, според кои факти, МСЧП оцени дека се исполнети такви услови за да се поведе таква постапка пред Врховен, кога веќе се изјасни дека самиот тој не поведува постапка?!
Потсетувам дека постапката пред Врховен не е редовна и задолжителна, па оттука не може да биде услов за „превземање на сите правни средства“. Оштетената странка има право да цени дали има вонредни услови за поведување вонредна постапка ( „вонреден правен лек“), како на пример – „нови докази/факти кои не биле познати за време на редовната постапка“. Што ако немало нови докази/факти?
Според што и како МСЧП оцени дека имало на пример – нови докази/факти кои не биле познати во редовната постапка, па бара изјаснување и од Врховен?