Поранешниот претседател на САД и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека очекува американскиот претседател Џо Бајден да остане во претседателската трка и покрај повиците од Демократската партија тој да се повлече и да го замени со помлад кандидат.

Трамп оцени дека Бајден нема да се повлече поради неговото его.

– Демократите го покриваат Бајден, но тоа е се потешко да се направи. Тој се уште е во трка поради неговото его и не сака да се откаже, изјави Трамп во интервју за Фокс њуз.

Трамп, исто така, процени дека доколку Бајден се повлече, на негово место ќе дојде потпретседателката на САД Камала Харис.

Тој додаде дека демократите не можат да го отстранат Бајден доколку тој самиот не го направи тоа или не можат да се повикаат на 25-тиот амандман на Уставот. Според 25-тиот амандман, потпретседателот и мнозинството од кабинетот на претседателот можат да гласаат за претседателот дека е неспособен да служи, што би го назначувало потпретседателот за вршител на должноста претседател.

Повиците Бајден да се повлече од претседателската трка следеа по неговите лоши перформанси во дебатата со Трамп на 27 јуни.

ФОТО: Сиетл Тајмс