Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека Белата куќа работи како „добро подмачкана машина“, но сепак најави дека наскоро ќе има нови промени во неговата Администрација.

– Имам предвид три, четири или пет позиции. Но, можеби на крајот ќе бидат само две, изјави Трамп во интервју за телевизијата „Фокс Њуз“, емитувано денеска.

Американските медиуми изминативе денови најавува дека Трамп палнира да го смени шефот на неговиот Кабинет, Џон Кели и министарската за државна безбедност Кирстен Нилсен.

Трамп во интревјуто, говорејќи за Кели, изјaви дека „некои работи што тој ги прави му се допаѓаат“, но дека „има и работи што не му се допаѓаат“.

– Во даден момент тој самиот ќе побара да се занимава со нешто друго, изјави Трамп.

Што се однесува до Нилсен, Трамп изјави дека таа „можеби навистина ги минува последните денови во Администрацијата“.

– Многу ја сакам, ммогу ја почитувам. Но, и недостига цврстина во врска со мигрантското прашање. Би сакал таа да е многу поцврста за границата (со Мексико), истакна Трамп.