Американскиот претседател Доналд Трамп му честиташе на полскиот колега Анджеј Дуда за обезбедувањето вториот мандат на вториот круг од претседателските избори што се одржаа во неделата.

– Честитки до мојот пријател претседателот на Полска Анджеј Дуда за неговиот историски реизбор! Со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата важна работа заедно во многу теми, вклучително и одбрана, трговија, енергија и телекомуникациската безбедност, напиша Трамп на Твитер.

Конзервативецот Дуда го победи во вториот круг против либералниот градоначалник на Варшава, Рафал Тшасковски со тесна разлика.

Полскиот претседател ја посети Белата куќа кон крајот на јуни, непосредно пред првиот круг на претседателските избори во.

За време на посетата, шефовите на двете држави потврдија дека САД ќе го зголемат бројот на трупите стационирани во Полска. Трамп исто така рече дека некои војници што треба да ја напуштат Германија може да бидат преместени во Полска.