Со цел намалување на ширењето на пандемијата на коронавирус, Австрија го прошири списокот на земји за кои важи забранетата за слетување на австриските аеродроми на сите земји од Западен Балкан.

Новата уредба на Министерството за здравство го прошири списокот од осум на 18 земји.

Од четврток авионите од сите земји од Западен Балкан, Бугарија, Романија, Молдавија и Египет веќе нема да можат да слетуваат на австриските аеродроми.

Претходно, веќе беше на сила забраната за летови од Белорусија, Кина, Велика Британија, Иран, Португалија, Русија, Шведска и Украина.

До крајот на јули ќе бидат откажани летовите до и од Белград, Букурешт, Каиро, Подгорица, Сараево, Сибиу, Скопје, Софија, Тирана и Варна.

Според уредбата, постојат исклучоци, но ова вклучува само „летови во интерес на Австрија“, како и слетување на карго-авиони, авиони што пренесуваат болни лица или ги враќаат австриските државјани, односно превезуваат медицински лица, како и работници за помош во земјоделството.