Американскиот претседател Доналд Трамп преку Твитер, неговата омилена јавна комуникациска платформа, ја нарече порнографската ѕвезда Сторми Даниелс – коњско лице, која тврди дека имала врска со него.

Сојузниот суд во Лос Анџелес во понеделникот ја отфрли тужбата за клевета која против Трамп ја поднесе Даниелс. Судијата пресуди дека претседателскиот твит за кој Даниелс кажа дека е клеветнички, всушност е право на претседателот на слобода на говорот и загарантирано со Првиот амандман на Уставот на САД.

Задоволен поради таквата судска одлука, американскиот претседател, се „намерачи“ на Сторми Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд.

„Сега можам да го нападнам Коњското лице (Horseface) и нејзиниот третокласен адвокат”, напиша Трамп.

Даниелс тврди дека имала сексуални односи со Трамп во 2006 година, кога неговата жена Меланија го родила својот син. Даниелс веднаш му одговори на претседателот на Твитер.

„Дами и господа, ви го претставувам вашиот претседател”, напиша таа и го обвини дека „уште еднаш”, ја покажал „својата неспособност, својата омраза кон жените и неспособноста за контрола”.

„Речиси е многу тенок…”, заклучи актерката Даниелс во јасна алузија на нејзината неодамна објавена книга, во која ја опишува анатомијата на Доналд Трамп.