Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска соопшти дека силно ќе се залага неговиот противкандидат на претседателските избори во ноември, Џо Бајден, да биде тестиран за присуство на дрога.

„Ќе инсистирам на тест за дрога за заспаниот Џо Бајден пред или по дебатата во вторник вечер“, напиша Трамп на Твитер.

Тој додаде дека ќе се согласи и самиот да биде тестиран.

Трамп оцени дека настапите на Бајден во дебатите не биле исти.

„Само дрогата може да предизвика таква неусогласеност??? “, додаде Трамп на социјалната мрежа.

Првата дебата меѓу Трамп и Бајден во пресрет на изборите во ноември е најавена за вторник.