Американскиот претседател Доналд Трамп подготвен е првпат да употреби вето ако Конгресот биде против неговата објава за вонредна состојба долж границата со Мексико. Тоа го нагласи денеска во изјава  за ТВ Фокс, Стивен Милер советник на Трамп.

– Тој ќе ја заштити својата објава за вонредна состојба, изјави Милер.

Вонредната состојба Трамп ја објави во петокот со желба да го избегне Конгресот за финансирање на ѕидот кон Мексико. На тоа се противат демократите и одбиваат во буџетот да бидат вклучени 5,7 милијарди долари потребни за негова изградба. Со прогласување вонредна состојба му е дозвоилено да користи федерални средства, но се соочува со правни и политички предизвици.