Израел ќе одбие околу 138 милиони долари од даночните приходи што ги собира во име на Палестинските власти како одговор на тоа што тие финансираат семејства на Палестинци уапсени поради насилства против Израел, соопштија денеска израелски официјални лица.

Израел и САД тврдат дека тие исплати поттикнуваат напади на Палестинците.

Од друга страна, Палестинците сметаат дека тие пари се помош за хероите на својата национална борба.