Поранешниот претседател Доналд Трамп ја отфрли информацијата дека ја смета својата противкандидатка од републиканската партија, Ники Хејли за кандидатка за потпретседател.
Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“ напиша дека „Ники Хејли не се разгледува за потпретседател, но и посакувам добро!“
Претходно, порталот „Аксиос“, цитирајќи „две лица запознаени со ситуацијата, објави дека Хејли била во трка да биде кандидат на Трамп за потпретседател“.
Хејли, поранешна гувернерка на Јужна Каролина и поранешен постојан претставник на САД во Обединетите нации, во март се повлече од трката за номинација на Републиканската партија за претседателски кандидат.
Таа рече дека Трамп, кој постојано ја омаловажуваше нејзината кандидатура, најверојатно ќе биде републикански кандидат, но јавно не го поддржа.