Американскиот претседател Доналд Трамп е против идејата за преименување на воените бази, кои носат имиња на генерали на Конфедерацијата.

– Некои предложија да се преименуваат десет легендарни воени бази, напиша Трамп на Твитер, при тоа додавајќи оти тие се дел од историското наследство и дека дури не ни разгледува таквата можност.

Тој побара почитување на армијата.

Десет бази на копнените сили, сите лоцирани во јуќниот дел на САД, именувани се по поранешни генерали на силите на Конфедерацијата.

Апелите за менување на имињата на базите уследија по бранот протести во САД против расизмот и полициското насилство.