Доналд Трамп стана првиот американски претседател кој присуствувал на ,,Маршот за живот”, нарекувајќи се себеси лојален поддржувач на движењето.

„Неродените деца никогаш немале посилен бранител во Белата куќа“, рече Трамп во говорот обележан со многу верски обележја, во центарот на Вашингтон.

„Секое дете е непроценлив и свет дар од Бога“, додаде тој.

,,Маршот за живот” почна  уште од 70-тите години на минатиот век, но ниту еден претседател не учествувал во тоа сè до денешното појавување на Трамп.

Прашањето за абортусот е едно од најконтроверзните во американското општество. Правото на абортус е заштитено со одлука на Врховниот суд од 1973 година, со која се легализира прекинувањето на бременоста.

Конзервативците во САД и покрај оваа одлука се обидуваат да ги ограничат абортусите на федерално ниво и со намалување на федералното финансирање за клиниките.

Вклучувањето на Трамп се случува во годината кога се одржуваат претседателските избори, во време кога американскиот Сенат расправа за неговото отповикување.

„Тие сакаат да ме отстранат затоа што се борам за вас и ние се бориме за оние кои немаат глас и ќе победиме затоа што знаеме како да го сториме тоа“, изјави Трамп.