Шефицата на американската тајна служба, Кимберли Читл, поднесе оставка откако агенцијата беше изложена на остри критики дека не спречила напаѓач да го рани поранешниот претседател Доналд Трамп.
Шефицата на американската тајна служба, Кимберли Читл, поднесе оставка откако агенцијата беше изложена на остри критики дека не спречила напаѓач да го рани поранешниот претседател Доналд Трамп за време на предизборен митинг, објави претходно денеска американскиот претседател Џо Бајден.
Тајната служба, која е одговорна за заштита на сегашните и поранешните претседатели на САД, се соочува со криза откако вооружен маж успеа да го застрела Трамп од покривот на митинг на отворено во Пенсилванија на 13 јули.
Доналд Трамп објави за разрешувањето на шефот на Тајната служба на својата социјална мрежа Truth Social. Сѐ искоментира со две реченици.
„Администрацијата на Бајден/Харис не ме заштити соодветно и бев принуден да примам куршум за демократијата. МИ БЕШЕ ГОЛЕМА ЧЕСТ ДА ГО НАПРАВАМ ТОА“, напиша Трамп.