Претседателот Доналд Трамп ја критикуваше американската вселенска агенција НАСА за намерата повторно да испрати астронаути на Месечината во 2024 година, наместо, како што тој вели, да се фокусира на „многу поголемата“ иницијативата, како што е заминувањето на Марс.

„За сите пари што ги трошиме, НАСА не треба да зборува за одење на Месечината, тоа го направивме пред 50 години”, напиша Трамп на Твитер. Наместо тоа, како што рече, НАСА треба да се фокусира на „многу поголемите работи што ги правиме, вклучувајќи го и Марс (од кој Месечината е дел), одбраната и науката”.

НАСА планира да изгради една вселенска позиција во лунарната орбита од каде ќе биде можно да се испратат астронаути на површината на Месечината до 2024 година, што е дел од пошироката иницијатива за Месечината да се употреби како појдовна точка за можни мисии на Марс.

Администраторот на НАСА Џим Брајденстин оцени дека Трамп само го потврдил планот на оваа агенција за вселената.

„Како што рече претседателот, НАСА ја користи Месечината за да ги испрати луѓето на Марс”, пишува тој во одговорот на Трамп на Твитер.

НАСА вчера соопшти дека ќе испрати тим на Месечината до 2024 година и дека до 2028 година ќе развијат одржливо човечко присуство на Месечината.