Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека се надева дека Русија и Украина оваа недела ќе постигнат договор.

„Се надеваме дека Русија и Украина ќе склучат договор оваа недела. Двете земји тогаш ќе почнат да склучуваат големи зделки со Соединетите Американски Држави и ќе заработат богатство“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“ (Truth Social).

Трамп минатата недела разговараше за прекинот на огнот со највисоките претставници на неговата администрација, вклучително и со државниот секретар Марко Рубио и пратеникот за Блискиот Исток, Стив Виткоф, при што изрази фрустрација, наведувајќи дека „преговорите не водат никаде“, пренесува порталот Аксиос.