Американскиот претседател Доналд Трамп го назначи Марк Брновиќ за нов амбасадор на САД во Србија, јавија српските медиуми.

„Со задоволство можам да објавам дека Марк Брновиќ ќе биде нашиот следен амбасадор на САД во Србија“, напиша Трамп на Truth Social.

Трамп наведе во пораката дека Брновиќ е „горд ветеран на Националната гарда на армијата“, кој претходно ја извршувал функцијата јавен обвинител на државата Аризона.

фото Википедија