Рускиот претседател, Владимир Путин, и американскиот претседател, Доналд Трамп, во понеделникот одржаа работна средба во Хелсинки. По 48 часа, американскиот претседател се огласи на својот твитер-профил и им испрати порака на сите неистомисленици.
„На голем број интелигентни луѓе им се допадна мојата конференција за печат во Хелсинки. Путин и јас разговаравме за многу важни теми на нашиот неодамнешен состанок. Добро се согласувавме, што ги вознемири неистомислениците кои очекуваа боксерски натпревар“, напиша Трамп на неговата сметка на „Твитер“.