Новите £40.000 родово-неутрални тоалети во Home Office (министерски оддел ан британксата влдада задолжен за имиграција, безедност, закон и јавен ред и мир) се избегнувани од жени бидејќи очигледно се исто така користени и од мажи – и машките колеги ги оставаат вратите отворени!
Соопштение беше оставено пред ново реновираните тоалети во Westminster HQ барајќи од мажите да ги затвораат вратите.
На соопштението вели: “Жените го наоѓаат користењето на овие тоалети прилично вознемирувачки и како резултат не ги користат овие тоалети.”
Пет машки и пет женски тоалети биле конвертирани во 10 унисекс објекти, секое со по три кабини.
Цената на нивното ремоделирање била £28,892.50 со знаци за тоалет и натпис Gender Neutral Toilets кои што чинат £8,070.70 кое што ја носи вкупната сума до £36,963.20.
Портпарол од Home Office бели дека тоалетите биле дизајнирани да создадат удобна атмосфера за сите вработени и дека е меѓу растечки број на владини оддели кои воведуваат родово-неутрални објекти.
Тој изјави: “Ние сме посветени да бидеме инклузивен работодавач и да создадеме средина во која сите вработени ќе се чувствуваат удобно на работа.”
“Договорените работи излегоа од буџетот резервиран за одржување и модификација на објекти”.
Но Џејмс Прајс, од групата за кампањата на алијансата на даночните обврзници (Tax- Payers’ Alliance campaign group), вели дека ако новите објекти не ја вршат својата намена, тоа значи дека јавните пари биле ‘фрлени во вода’.
Јавната потрошувачка треба да се заснова на тоа како луѓето се однесуваат во реалниот живот, а не на тоа како некој мандарин мислат дека треба да се однесуваат на хартија.
“Ако овие објекти не се користат правилно, тогаш лекцијата треба да се научи за да се обезбеди дека парите не се трошат повторно на слични проекти.”
Home Office не е единствена во воведувањето родово-неутрални тоалети.
Армијата отстрани две Ladies and Gents знаци во своето седиште од 44 милиони фунти во Андовер, Хемпшајр, и ги промени во унисекс ова лето.
BBC, кој има 417 трансродови вработени, има родово-неутрални тоалети во сите свои згради.
Channel 4 креираше родово-неутрални тоалети во своето седиште претходната гоина и Гугл планира да ги креира во својата канцеларија во централен Лондон.