Италијанскиот десен бек со 13 настапи во дресот на Азурите, Давиде Запакоста (29), мина од редовите на актуелниот европски првак Челзи во Аталанта за сума од 10 милиони евра.

Ова е трето враќање на Запакоста во италијанскиот прволигаш од Бергамо за кој дефанзивецот настапуваше во сезоните 2011/12. и 2014/15.

Запакоста беше член на премиерлигашот од Лондон од 2017 година и во првата сезона беше стандарден во тимот на „сините“ со 35 натпревари, но последните две сезони ги мина во Серија А, како позајмен фудбалер во Рома и Џенова.