Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај граѓаните, откриваат трите анкети спороведени во месец октомври, информираше денека на брифинг со новинарите премиерот и лидер на партијата, Христијан Мицкоски.

Според анкетите ВМРО-ДПМНЕ ужива доверба од 24%.

Потоа следуваат СДСМ со 8.5%, ДУИ со 7.9%, ВРЕДИ, 7,1%, ЗНАМ 2% и Левица со 6%.

Имено станува збор за сублимат од три спроведени анкети за месец окомври, при што од кои две се теренски а една е телефонски спроведена анкета.

Мнозинството граѓани сметаат дека Македонија се движи во позитивна насока, односно 48% одговорија позитивно и делумно позитивно.

Најбитни прашања со кои треба да се справи владата се корупција и криминал 33%, второ економија и животен стандард со 27%.