Северномакедонците треба да ги признаат своите историски бугарски корени, а тоа е услов за кој не може да се преговара, ја дополнува вчерашната изјава Слави Трифонов, лидер партијата Има таков народ и коалициски партнер во бугарската Влада.

Трифонов вчера во неговата објава на Фејсбук предложи улов како да се симне бугарското вето за Македонија во ЕУ, а денеска повторно се огласи со дообјаснување за „оние кои што не го разбрале напишаното и не го читаат текстот туку само насловот“.

– За РС Македонија – вие задолжително треба да ги исполните сите точки од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка коишто сте ги потпишале со Бугарија, вклучувајќи го и сето она што е поврзано со историјата на Бугарија. Северномакедонците треба да ги признаат своите историски бугарски корени. Тоа е услов за кој не може да се преговара.
А за нашите партнери во НАТО и ЕУ – кога толку многу сакате да ја поддржиме С. Македонија за преговори за членство во ЕУ, постапете партнерски кон нас, како што сакате да ви бидеме партнери – без визи во САД и веднаш во шенген зоната. Мислам дека сега моето мислење како граѓанин на Бугарија е повеќе од јасно“, објави Трифонов.

Во вчерашниот услов од Трифонов беше наведено „САД да ги укинат визите за граѓаните од Бугарија и Бугарија да влезе во шенгензоната“ за Софија да запали зелено светло за Скопје во ЕУ.